НАСЛОВНА
     РАБОТА ONLINE
     КОНВЕРТЕР
     EMAIL
     МАЛИ ОГЛАСИ
     МАКЕДОНСКИ ВЕБ
     РЕЧНИК
     КОЛУМНИ
     ФЛЕРТ
     БИОРИТАМ
     ЧЕСТИТКИ
     CHAT
     ФОРУМ
     ИГРИ
     ЦРТАЊЕ
     ИДЕАЛНА ТЕЖИНА

                                                        

 

 

 

 

 

 КОЛУМНИ
 


Архива:

НЕ Е БОГ НИТУ ХЕРОЈ...

Локални избори. Предизборна кампања. Голем ратлук! За тоа ли да си арчиме вегетативен систем? Местени биле, овој треба да биде градоначалник, оној не го бива... Ми е гајле. Полошо не може да ми направат. Штом досега не се отселив од оваа шлајка, нема сигурно сега да ме натераат. Имаме ние поинтересни местенки. Дури и од фудбал поинтересни. Ај, кај спомнав за фудбалот, мале... Не, не, чекај малце... Овде вреди да се живее, ако за ништо друго, барем за - сеирот. Кај можеш да си дозволиш таков луксуз, во нормалните општества? Кај можеш да присуствуваш на апсурди и ес-еф филмови у живо - како што си имаме ние? Тарантино може да се слика со се Џонтра Волта и неговите палп приказни, и насловната нумера што ја украде од Врање. Пусто, пусто, пусто ми је свеееее... Нема, нема, нема моје јеленееее... Ете, едно интермецо со песната за човекот што си ги изгубил своите елени. А не бил Дедо мраз ес химселф...

А кога сме веќе кај песните, дојдов до еден еурекичен закључок, оти евровизијата ја бева измислиле строго за нас, балканските, агресивни суртуци. За да имаме каде да си го истртиме својот благонакурчен менталитет од натпреварувачки карактер. Ни го негува гладијаторскиот ген, пренесен од времето кога не транспортирале како робови по арените да се макљаме со лавовите, тигрите и останатите политички субјекти од тоа време. Се буди комарџијата во нас, се преобразуваме во Грингер, во нашите емоции се трансформира бацање камена с рамена, се буди квискотека во нас со све Млакар, излегува комплетно целиот патриотизам и мрсна фота, се обединуваме под истото знаме - што дури и Енгелс би ни се воодушевил, забораваме на момент на сите други избори, леб, бензин и штипки.

Во името на моќта на сивиот Драгаааан! - се викна, та провикна Хи-Мен, надсинхронизиран од Џамбазов, искувајќи го мечот нагоре - Јас сум моооќеен! - мавна молња од небето, па право во преобразбата на Хи-Мен. Тој го поприми својот мачо облик и го насочи својот меч кон својот преплашен и кроток тигар: - и Мартин стана необичен! - ни преведе Џамбазов со својот дифоничен глас, во овој не толку популарен цртан филм. Секоја недела, пред вестите, во терминот за долгометражен цртан филм, воспоставен од тогашниот еднопартиски и еднотелевизиски систем. Од тогаш помина доста време, но многу малце работи се изменија. Како да не ни беше доволна лекција дека Ерос Рамазоти не отиде на евровизија, па мораше некојси Тото Котуњо да победи. Или тоа што победи Рива, со нумерата Рок ми бејби, не и донесе некоја слава на СФРЈ. Се распадна идната година. И државата и групата. Ама не! Не ни беше доста од чаирчанецот, па ги испратија кутрите пута-пута-љ. Па Каро. Па го бираа само Тоше, по дирекција на Гоца. Со све оние Синтетитис. Па Тоше се врати исфрустриран, к'лнејќи ја Руслана. Па Руслана не посети, и направи покољ, а сиротиот Тоше и прости. Нормално, Руслана успеа да ја засени дури и Касандра. До нас е тоа, не е до нејзината харизма - што ја нема. А кога сме кај засенувањето, сите што искочија да ја разонодат публиката, од естрадата ни сирота, беа сто пати порепрезентативни од мечка-Божана и распеаниот камионџија. А последниве доленаведени, се натпреваруваа кој помалце знае да шизи, и кој повише фалшира - за едната несреќа да ја испратат во бел свет. Падре мио! Ние, па, уште се ложиме, навиваме, се надеваме, како да во Киев, Македонија ќе биде примена во Европа! Ц, ц, ц, ц... Колку ли сме ние, напатен народ...

И учителките од МТВ, ги караа гостите да се смират... Па прес... Дракче тврди дека скандал - нема да има! Весело... Па Бени се тресе, дур се надева дека ако никој друг - дома ќе го сакале - дур глуми жири, и го дава гласот под притисок... Ни на Словенците не им беше толку тешко, кога демонстративно ја напуштија судбоносната последна седница на це-ка... Кутрата Кате, па баш не и требаше уште еден резил... А за Саздов, лепшата половина на Силви и другарите - е греота да се коментира. Едноставно, толку добро не завозеа, што наеднаш навивавме за другата несреќа, заборавајќи на тоа дека и вака, и така - жива среќа што евровизијата е крајно небитна манифестација за светот.

А како да ви опишам на кратко како изгледаше, на сите вас кои имавте среќа, што не можевте да го гледате тој циркус? Него или нејзе? Децата, во суштина, и не ми се нешто криви, а ни битни. Го презирам тоа што и кого го претставуваат. Самите тие, би ми биле многу пријатни, доколку не ги печеа на "естрадниот" оган. Но, најпрво да ја пофалиме музиката. Толку е сељандурска, што и Руслана ќе се фасцинираше. Полоша песна од овие е само Баба Зумбула. Не, не... Каков турбо-фолк? Тоа е уметност, бе! Таму има естетика, поезија, идеја... Исто ко да си љубител на панк или дет метал. А ова... Ко да си љубител на Руслана и Касандра заедно. Доволно простор одвоив за аранжманот, музиката и текстот.

Пред повише од дваесе' години имаше еден чичко, што доваѓаше кај Универзална, со една мечка. И тој свиреше а таа се клацкаше исправена на две нозе. Термин познат како мечка игра оро. Денес нив ги нема, ама затоа нашата Божана не беше ништо поразгибана. Плус, иако поарно пее од овега, не знам зошто милува да вреска, да не речам - да се дерњави? Ништо, си кусна од гравчето, се избламира, и сега нека си биде народен херој. Но, затоа имаме некој кој не е бог ниту херој. Леле, па тоа чудо трапаво. Леле кога се појави, чиниш ко пејачот од еј-си-ди-си, камионџијата, што го замени Бон Скот, бог да го прости. Ама, наместо тандрстрак, зацвиле некоја симпатична имитација на Тоше и њума слични. И сценскиот настап го следеше теркот на мечка игра оро, финиширан со крајното паѓање на колена, ко Драган Манце, бог да го прости.... А си беше одличен бубњар, детето... Така изгледа, кога татко ти го диригира животот.

email: tzepes@ajvar.com


© Ajvar.com
Сеќавање