|
DON'T YOU ДАЈГАЗ ME
Абре трпение спасение - не бадијала се рекло. Конечно радост во државава, конечно радост во душава. Леле, леле неможам да се соземам. Од радост се тресам ко Гоцета Арнаудов ко ќе пејт. Готово е бре луѓе. Готово. Конечно ќе се донесит и тој закон во нашава држава. Закон со кој ќе бидат заштитени сите права на народот во Македонија. Законот за проституција. Шуќур. Све средивме во државава, уште то ни остана и ете имало господ и то ќе се се средит. Абе господ здравје да им дајт на овие бре шо ја водат државава, шо ги носат закониве. И не само здравје. Ами и прецизност, да ја погодвет дупкана од шољана, а не да се купарат кај ќе стигнат во собраниено па чистачкине да се мачат. Ами како. И тие се душички. Чистачкине. Па стварно не е фер. Кај појди, а уста отвори искупари се, кај требело и кај не требело, бар вклозет да......Туку ова законов. Знајш шо значит бре ако се донесит? Крај на маките наши. Немат појќе кој како ќе стигнит да го пучит народецов наш. Крај. Све то со закон ќе си е регулирано. Да бе. И каде и кога и како. И не само то. Ќе ти платит бре. Ами како. Пак најсетне, баба на дедо појќе без пари не му дават, не јас на некој ни чуен ни виден. Готово јас веќе го фрлив кубурот од дедо шо ми го остај за недајбоже. Аку беше нов, неупотребен. Не ми требит појќе. Види. Овај закон од појќе аспекти е корисен. Прво со овој закон ние сме заштитени како личности и на површина ќе бликнит културниот однос од политичарине према народов. З'ш немат појќе некој нас: " Еј, ај напучисе јас сум власт". И бам бес пари. Чао бате. Туку си пишит во законот дека морат да ти речит, и то културно: " Ќе те испопрезамолам, ако можит ( пази- ако можит а не... ) да ми дајш сексуална услуга за одреден паричен надомест или за други материјални добра?" Појќе добра од ова амин. Да бе. Така си пишит во законот. Автоматски од гореизнесеново, покрај начинот на побарувањето се регулират и економската смисла на односите. З'ш сега, според законот, онај шо ќе го онадит македонскиот народ е обврзан да платит, а ти сам си бираш. Сакаш му земвиш сто денари, сакаш за кифла, сакаш (поготово ако ти е близок или ако си гласал за него ) го частиш. Ами како. Готово е баче со то некој за нас да одлучвит. Све земаме во свој раце. Све. На то законот ти дават право. Друго. Новиот закон не те обврзвит ти некому да му се извинвиш дека си му свртен со плештите. Тој нека си бркат работа а ти бе чоек како сакаш ќе си свртен. Сакам го осеќам, сакам не. Сакам му посветвам внимание, му искажвам емоции а ако сакам решавам крстословка. Тој нека си бркат работа. Не му се мешам. А не ко досега: "Извините вака шо сум..." Шо да е нешто. После. Овај закон ќе донесит политичка релаксираност во држава. З'ш? Абре си ојш на гласање и ич не е битно за кого ќе заокружиш. Растеретено. Ако сакам гласам со една рака, сакам без раце, како сакам. Ќор да сум не грешам. Шо е битно кој ќе е на власт, шо е битно кој ќе нî онадит во говорите шо ќе ги држет, пред да победет и после победата, ко ние ќе се вошкосаме од пари. Да. Кој и да е. З'ш сите, ко порано пак ќе нî......ама овај пат бре срце ќе платат и то за све досега. А пази. Ко ќе дојме до ситуација да не е битно кој нî .....тогаш ќе ги снемат партиите и ќе престаниме да си ги копаме очите, ами целата енергија ќе ја насочиме шо помалку болни да се односите помеѓу давачите на услугите - народот и побарувачите -политичарите. И на крај, она шо за мене е најбитно со овој закон се регулират најбитното за нас. Плукни му се и на пари и на ќејф ако немаш достоинство. Ако не те поштовет. Не да ти плаќет. Не вазелин да употребвет, бадијала е. З'ш ќе си никој и ништо. Е сега со тој новиот закон ела нека се осудит на кого ќе му прднит на македончето да го вреѓат, да му велит дека е: штука, дајгаз, радодајка, камењарка, мета, двоцевка и други навредливи зборој. Конечно со овој закон македонецот и званично, дури и меѓународно признат станвит работник дефиниран како :.."лице кое се занимават со простуција ". Или да го упростиме многу да не филозофираме, преведено на нашки и со еден збор кажано проститука.
ЏИМИ
jimmy@mt.net.mk
|